На Европското првенство кое се одржува во Хамар – Норвешка, во дисциплината Воздушен пиштол 10м. – жени, на 16.03.2022 г., нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал и по втор пат во својата кариера стана Европска шампионка (првпат во Данска 2001 година). Таа со поддршка на својот тренер Бранимир Јовановски, успешно го започнаа новиот параолимписки циклус за игрите во Париз 2024 година.
Настапот во машка конкуренција на нашите стрелци заврши во предфиналната борба: Александар Јовановски со 547 кругови го освои 10-тото место, а Ванчо Каранфилов со 533 кругови – 19-тото. На Александар му недостасуваше еден круг за пласман во финалето. Спортска (не)среќа.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО