НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ДИСЦИПЛИНАТА МИКС ТИМ ПИШТОМ 10М НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ВО ХАМАР, НОРВЕШКА

На 18.03.2022 година, на затворањето на Европското првенство во стрелаштво со воздушно оружје, уште еден медал за спортистите од Северна Македонија, овојпат бронзен.
Имено, во дисциплината Микс тим 10м воздушен пиштол, во која настапуваат 2 спортисти како тим (по едена стрелачка и еден стрелец), настапија Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов. Беа пријавени 4 тима и во стартот се знаеше дека нашите натпреварувачи сигурно ќе влезат во борбата за медали, само беше прашањето дали ќе пукаат во финалето за златен или сребрен медал, или пак во малото финале за освојување на бронзениот медал.
Низ текот на целиот меч нашиот тим стрелаше задоволително и се менуваше на табелата на првото и второто место со тимот на Турција 1, меѓутоа пред самиот крај на натпреварот од 20 истрели, еден слаб погодок од нашиот стрелец ги спушти на третото место и влегоа во борбата за бронзениот медал.
Во тоа, таканаречено мало финале, се сретнаа со екипата на Норвешка. Нашите стрелци се објективно поквалитетни и поискусни и успеаја да ја доведат борбата до крај победувајќи со 16:08 и го освоија бронзениот медал, а Оливера последниот истрел го испука маестрално и максимално 10,9.
Честитки за Оливера и Ванчо за освоените медали, но и за младиот Александар, спортисти кои успешно и достојно ги бранеа боите на нашата држава.
По нашето заминување првенството, во Хамар од 18-28.03.2022 година, ќе се одржи Европското првенство во стрелаштво во организација на Европската стрелачка конфедерација, на кое ќе учествуваат и нашите колеги од МССФ. Македонскиот параолимписки тим им посакува многу среќа и успех на шампионатот.
Нашиот тим би требало да се врати во Македонија на 20.03.2022 година во 08:15 часот со летот од Истанбул, доколку лошите временски услови не го пореметат патувањето.