НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

4-ТО МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА

Претпоследниот ден од Светското првенство во стрелаштво во Сиднеј беше и до сега најуспешниот за нашите спортисти. Оливера Наковска Бикова настапи во дисциплината П2-воздушен пиштол жени, и го освои 4-то место. Само чекор до медалите.

Во квалификациите Оливера стрелаше најдобар резултат од 28-те натпреварувачки, 571 круг и супреиорно се пласира во финалето. Тоа воедно е и трет по висина резултат во историјата на стрелаштвото откако жените стрелаат 60 истрели. Браво за Оливера.

Во финалето, по истреланите 20 истрели го зазеде конечното 4-то место. Малку потфрли во првата половина од финалето и со оглед на тоа дека се само 24 истрели, тешко беше да се надокнади пропуштеното, иако Оливера се бореше лавовски. Одличен резултат и голем успех на македонската спортистка. За жал, Оливера ја прекин традицијата на освојување на медали од Светските првенства која ја започна 2002-та година во Сарганс, Швајцарија. Од тогаш, па наваму, секогаш освојуваше барем еден медал на светските првенства. Овојпат застана на чекор од него.

Во истата дисциплина во машка конкуренција која се одржа на 18.10.2019 година, Ванчо Каранфилов со резултат д 551 круф го зазеде 28-то место од 55 натпреварувачи, додека Александар Јовановски со 545 кругови го зазеде 37-то место.

Честитки до Оливера и до тимот за остварениот успешен настап на Светското првенство во Сиднеј 2019.

Голема благодарност до „тета“ Јулијана и „вујче’ Спасе, како и до нивните семејства, за срдечниот пречек и грижата што ни ја пружија за сите денови на престојот на нашиот тим во Сиднеј. Од срце ви се заблагодаруваме.