НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

9-то МЕСТО од 21 ТИМ за МАКЕДОНСКИОТ МЕШАН ТИМ ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА И ВАНЧО КАРАНФИЛОВ

Македонските параолимпијци Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов, денес на Светското првенство во Сиднеј, настапија во дисциплината Мешан тим воздушен пиштол на 10 метри. Ова дисциплина се стрела тимски, по еден машки и еден женски натпреварувач. Секој од нив стрела по 40 истрели за време од 50 минути, резултатите се собираат и најдобрите 5 тима влегуваат во финале. Нашите спортисти добро котираа се до крајот на третата серија, но за жал неколку слаби погодоци ги оддалечија од посакуваното и реално очекуваното финале и на крајот со 735 кругови го зазедоа конечното 9-то место. Само 7 кругови недостасуваа за исполнување на желбата на тимот, влез во финале и борба за медал.

Завчера (12.10.2019) македонските спортисти настапија во дисциплината Спорт пиштол на 25 метри. Ова беше прва дисциплина во која Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски поред престижот што го носи настапот на Светско првенство, стрелаа и за освојување на директна квота за учество на Параолимписките игри во Токио 2020. Од вкупно 48 натпреварувачи, најдобар пласман од нашите спортисти постигна Оливера Наковска Бикова која со 551 круг го освои 28-то место, потоа Ванчо Каранфилов кој со 544 кругови се пласира на 35-то место и Александар Јовановски (на кого ова му е прва сезона во оваа дисциплина) со резултат од 529 кругови го зазеде 43-то место. Очекувањата беа поголеми, тоа го оправдуваа и постигнатите резултати во подготвителниот период, меѓутоа понекогаш треба и доста спортска среќа за да се наместат работите онака како што ние посакуваме.

Следен натпревар на кој ќе настапат македонските спортисти е на 15.10.2019 година, во дисциплината П4-пиштол слободен избор. Во оваа дисциплина ќе настапат Оливера Наковска Бикова и Ванчо аранфилов. Доколку некој од нив (или двајцата) влезе во финале, финалето е со директен пренос од 06:30 часот по македонско време (најдолу се наоѓа линкот на кој ќе можете да ги следите случувањата и преносите од Светското првенство).

Потоа на 17.10.2019 година настапува Оливера Наковска-Бикова во дисциплината П2-воздушен пиштол жени и директен пренос на финале во 09:30 часот по македонско време и на крајот, на 18.10.2019 година настапуваат Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски во дисциплината П1-воздушен пиштол мажи, можно финале со пренос во 08:45 часот по македонско време.

Финалните борби можете да ги пратите на фејсбук страницата World Shooting Para Sport

https://www.facebook.com/shootingparasport/