Македонските параолимпијци стрелци: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски, предводени од тренерот Бранимир Јовановски и генералниот секретар на комитетот, Драган Дојчиноски, од 21.09.2019 година, на стрелиштето „Беј Бунар“ во Охрид, ги одработуваат завршните подготовки пред заминувањето на Светското првенство во стрелаштво што ќе се одржи Сиднеј, Астралија. Првенството е од квалификациски карактер за учество на Параолимписките игри во Токио 2020.
„Атмосферата во тимот е добра, подготовките течат во најдобар ред, здравствениот билтен е добар, дисциплината и посветеноста на спортистите во извршување на задачите на врвно ниво, се тече според предвидувањата и планот на работа“ – изјави тренерот и селектор на репрезентацијата Бранимир Јовановски.
Спортистите од 01.10.2019 година, па се до заминувањето за Сиднеј, ќе продолжат со подготовките во своите градови.
Благодарност до Агенцијата за млади и спорт и Министерството за труд и социјална политика за финансиската поддршка.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024