На 22.09.2019 година, во Куманово, во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово, а во соработка со Општина Куманово и Општински Сојуз на Спортови на Куманово, беа одржани петтото и шестото коло од државната Лига во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет за 2019 година.
Натпреварот се одржа во рамките на активностите „Куманово-Европски град на спортот за 2019 година“, а беше посветен на јубилејот „500 години Куманово 1519-2019“.
Домаќините на натпреварот, ССРИ Куманово, во состав: Страшко Коцевски, Зоран Трајановски и Небојша Ташиќ, предводени од тренерот Мики Трендафиловски извојуваа максимални победи над своите противници и по одиграни 6 кола се наоѓаат на врвот на табелата со освоени максимални 12 поени. На второто место е екипата на ССРИ Прилеп со 10 поени а третото место го делат ССРИ Битола и ССРИ Кисела Вода од Скопје со по 6 поени.
Петто коло:
ССРИ Кисела Вода: ССРИ Скопје II 3:1
ССРИ Битола : ССРИ Прилеп 1:3
ССРИ Велес: ССРИ Куманово 0:3
Шесто коло:
ССРИ Куманово: ССРИ Скопје II 3:0
ССРИ К.Вода : ССРИ Прилеп 0:3
ССРИ Битола: ССРИ Велес 3:0
ТАБЕЛА по одиграни 6 кола:
- ССРИ Куманово (18:2) 12 бодови
- ССРИ Прилеп (16:6) 10 бодови
- ССРИ Битола (12:12) 6 бодови
- ССРИ Кисела Вода (11:11) 6 бодови
- ССРИ Скопје II (6:16) 2 бодови
- ССРИ Велес (2:18) 0 бодови
Следните 2 кола (7-то и 8-то) ќе се играат на 28.09.2019 година во Велес.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE