НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Завршни подготовки на параолимпијците за Пекинг

Македонските параолимпијци – стрелци Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов заедно со нивниот тренер Бранимир Јовановски го започнаа циклусот на завршни подготовки за учество на Параолимписките игри во Пекинг. Подготовките ќе се спроведат на стрелиштето во Охрид и од страна на тренерот се поделени во два дела, првиот од 21-29.07.2008 и вториот од 11-26.08.2008 година.
Спортистите се чувствуваат добро, со леснотија ги издржуваат напорите, а карактеристично за првиот дел од подготовките е конечно да се извршат евентуалните корекции на опремата со која спортистите ќе настапат како и да се извршат тестови на оружјето и на муницијата со која ќе се настапи на вториот дел од подготовките и на самите Параолимписки игри.