Македонските параолимпијци – стрелци: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов, Бранимир Јовановски, како и атлетичарот Ифраим Љута, ги започнаа подготовките за учество на Параолимписките игри во Пекинг 2008 година. За жал, по којзнае кој пат мораме да констатираме дека средства за подготовки нема во доволна количина, така да покрај непреченото спроведување на тренажниот процес, паралелно ќе мора да се вложуваат силни напори за обезбедување на средства за покривање на тие подготовки и учество на меѓународни контролни натпревари. Она што е сигурно е дека стрелците ќе учествуваат на меѓународниот турнир кој ќе се одржи од 13 – 18.05.2008 година во Бад Орб, Германија, додека атлетичарите ќе учествуваат на меѓународниот турнир во Риека, Хрватска од 24 – 26.05.2008 година. Исто така е извесно дека благодарение на разбирањето на ИО на СТИЛМ, нашите најдобри спортисти – стрелци во период од 11 – 20.08.2008 година, за време на подготовките во Охрид, ќе бидат сместени во репрезентативната гарсоњета. Се’ друго е неизвесно.
Поврзани објави
БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ НА ЦРНА ГОРА И НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2022
ОЛИВЕРА Е СВЕТСКА ШАМПИОНКА – СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА СТРЕЛАШТВО ВО АЛ АИН, ОАЕ