НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Заеднички подготовки на Македонија и Србија

Параолимписките репрезентации на македонија и Србија имаа заеднички подготовки во Охрид во период од 18-22.04.2008 година. На подготовките учествуваа 7 натпреварувачи од Србија и 4 натпреварувачи од Македонија. На подготовките учествуваа вкупно 8 натпреварувачи во пиштол и 3 натпреварувачи во пушка. Во рамките на подготовките беше спроведен и официјален натпревар наречен „Македонија Опен 2008“. Во дисциплината воздушна пушка сите три први места ги освоија спортистите од Србија: Синиша Видиќ, Јелена Пантовиќ и Снежана Николиќ, додека во дисциплината воздушен пиштол првото место го освои Александар Јанда од Србија, второто Оливера Наковска Бикова од Македонија и третото Жика Папаз од Србија. Подготовките и натпреварот се одржаа на стрелиштето Беј Бунар во Охрид, а трошоците за сместување и исхрана беа на терет на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски Параолимписки комитет. Очекуваме возвратна покана од Параолимпискиот комитет на Србија за спроведување на ваков тип на подготовки на територијата на Србија.