На 07.05.2022 година во Охрид, на стрелиштето Бејбунар, во организација на Македонската спортска стрелачка федерација (МССФ) се одржа второто коло од Купот на Македонија (меѓународна програма) на кој зедоа учество и нашите параолимпијци Оливера Наковска Бикова која во конкуренција на осум натпреварувачки во дисциплината воздушен пиштол-жени го освои 1-то место со резултат од 564 кругови (90,95,93,96,95,95), и Александар Јовановски кој во конкуренција на осумнаесет натпреварувачи во дисциплината воздушен пиштол-мажи го освои 3-то место со резултат од 549 кругови (95,92,88,91,90,93).
Нашите спортисти Оливера Наковска Бикова, Александар Јовановски и Ванчо Каранфилов, предводени од тренерот Бранимир Јовановски, ќе учествуваат на Светскиот куп во Шатеро, Франција од 04-13.06.2022 година, натпревар на кој ќе бидат доделени првите директни квоти за учество на Параолимписките игри во Париз 2024.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025
3 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ВАРНА