НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

КОШАРКА ВО КОЛИЦИ – ПРЕКРАСЕН НАСТАН ВО БУЈАНОВАЦ

Како што најавивме вчера, претставници на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и дел од потенцијалните македонски спортисти во овој спорт, присуствуваа на ревијалнот натпревар во Бујановац во рамките на десеттиот меѓународен мини баскет фестивал, на која со тесен резултат победа извојува белградскиот кошаркарски тим во колички, Сингидинум.
Нашите спортисти за прв пат имаа можност да седнат во специјалните колички наменети исклучиво за натпреварување во овој спорт, и со поддршка и совет од поискусните српски кошаркари, да изведат неколку движења, блокади и уфрлања во кош.
Добивме ветување за целосна поддршка од страна на Владимир Кузмановиќ, претседателот на Федерацијата на кошаркарка во колички и поранешен врвен кошаркар, потоа од Младен Пајовиќ од Белград, како и од други стручни лица.
Полека се движиме напред. Во среда не очекува работен состанок со претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димовски.