На 24.11.2018 година во Битола се одржа VII и VIII Коло Лига на Македонија во пинг понг. Домаќин на натпреварот беше ССРИ Битола. Настапија екипите на ССРИ Битола, ССРИ Куманово, ССРИ Кисела Вода- Скопје, ССРИ Прилеп, ССРИ Скопје 2 и ССРИ Струмица.
Седмо коло:
ССРИ Прилеп : ССРИ Скопје 2 3:0
ССРИ Куманово : ССРИ Битола 3:1
ССРИ Струмица : ССРИ Кисела Вода 2:3
Осмо коло:
ССРИ Скопје 2 : ССРИ Струмица 3:2
ССРИ Битола : ССРИ Прилеп 1:3
ССРИ Кисела Вода: ССРИ Куманово 0:3
По завршувањето на редовните кол, беше одигран заостанатиот натпревар од четвртото коло помеѓу ССРИ Куманово и ССРИ Струмица која заврши со победа на ССРИ Куманово од 3:0.
По осмото коло табелата изгледа вака:
1. ССРИ Куманово со освоени 16 поени
2. ССРИ Прилеп со освоени 12 поени
3. ССРИ Кисела Вода со освоени 10 поени
4. ССРИ Скопје 2 со освоени 6 поени
5. ССРИ Битола со освоени 4 поени
6. ССРИ Струмица без поени 0
Последните 2 кола се играат на 25.11.2018 година на теренот на ССРИ Струмица
Поврзани објави
СО НАСТАП ВО ДИСЦИПЛИНАТА П1-ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ МАЖИ, ЗАВРШИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО ЗА НАШИОТ АЛЕКСАНДАР
МЕЃУНАРОДЕН ПИНГ ПОНГ ТУРНИР БУРГАС ОПЕН 2023
ПРВО МЕСТО ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРА ПИНГ ПОНГ ТУРНИР ВО ВАРНА „VARNA SEAGULL CUP“