НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Светски куп во стрелаштво во Германија 2010

Стрелците параолимпијци нижат резултати на Светскиот куп во Германија

На Светскиот Куп во стрелаштво во бар Орб, Германија, учествуваа 188 натпреварувачи од 27 држави меѓу кои и Австралија, Канада, САД, УЕА и Нов Зеланд.

Првиот натпреварувачки ден (20.05.2010 година) на Светскиот куп во Бад Орб, Германија, на програмата беше дисциплината воздушен пиштол.

Во машка конкуренција имаше 43 натпреварувачи. Бранимир Јовановски со 556 кругови го освои 9-то место и ја постигна првата минимум олимписка норма (од трите денес) во новиот циклус за следните Параолимписки игри во Лондон 2012 (кај мажите таа изнесува 545 кругови). Ванчо Каранфилов стрелаше 541 и го освои 27-то место. Првото место го освои Ѓула Гурисати од Унгарија со 567 кругови, второ место Валериј Пономаренко од Русија со 565 и трето Корхан Јамак од Турција со 563 кругови.

Кај жените имаше 16 натпреварувачки. ОливераНаковска-Бикова го освои 2-то место со 372 круга (6 внатрешни десетки) колку и првата Мариа Клименцхенко од Русија исто така со 372 круга но со 8 внатрешни десетки. Третото место го освои Таранова Елена од Азербејдзан со 370 кругови. Лидија Крстеска стрелаше 350 кругови, доволни за 11 место. И двете наши спортистки стрелаа над минимум олимписката норма која за ова дисциплина изнесува 347 кругови.

ВТОР НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН (22.05.2010)

Македонските параолимпијци: Бранимир Јовановски, Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов денес (22.05.2010 година) настапија во дисциплината спорт пиштол. Во конкуренција на 34 натпреварувачи, Оливера Наковска-Бикова со резултат од 557 кругови го освои 5-то место, Бранимир Јовановски стрелаше само еден круг помалку и со резултат од 556 кругови го освои 7-то место. Ванчо Каранфилов со резултат од 552 кругови го освои 13-то место. Особено важно е што нашите стрелци стрелаа над пропишаната минимум параолимписка норма за Лондон 2012, која за оваа дисциплина изнесува 540 кругови.

Првите 3 места им припаднаа на стрелците од Русија и тоа: првото место го освои светскиот рекордер Андреј Лебедински со резултат од 574 кругови, второто Виталиј Понамаренко со 569 а третото Сергеј Малишев со 566 кругови.

ТРЕТ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДЕН

Третиот натпреварувачки ден (23.05.2010) се стрелаше дисциплината Малокалибарски пиштол слободен избор. Во конкуренција на 37 натпреварувачи, Оливера Наковска-Бикова со резултат од 520 кругови го освои 9-то место, Бранимир Јовановски со 516 кругови го освои 11-то место (и двајцата стрелаа над минимум олимписката норма која за оваа дисциплина изнесува 505 кругови), додека Ванчо Каранфилов со 495 кругови го освои 21-то место.

Резиме на Светскиот куп во Бад Орб е еден освоен медал (сребрен на Оливера Наковска-Бикова) и 7 минимум олимписки норми. Утре стрелците заминуваат за Франција каде од 25-29.05.2010 година ќе учествуваат на Светскиот куп во стрелаштво во Волмеранж ле Мине, од каде очекуваме потврдување на нормите (согласно пропозициите на ИПЦ за да се биде конкурентен за потенцијален кандидат за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012 година стрелците мора најмалку 2 пати да стрелаат на официјални натпревари под покровителство на ИПЦ над пропишаната минимум олимписка норма.