Како плод на воспоставената билатералната соработка помеѓу стрелачките репрезентации на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет и Параолимпискиот комитет на Србија, ќе се организира тренинг камп на кој ќе учествуваат нашите врвни стрелци и врвните стрелци од Србија и тоа од 07-12.12.2009 година во Смедерево и Белград. Всушност тренинг кампот ќе се реализира во Смедерево, а во Белград стрелците ќе настапат на меѓународниот натпревар “Белградски победник”.
Селекторот Јовановски за подготовки ги покани параолимпијците Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, како и Тони Митровски и Лидија Крстеска. Списокот е отворен до крајот на месец октомври и се уште некој од спортистите со своето залагање и резултат може да се наметне на селекторот и да се избори со право на учество на претстојните подготовки. Тука пред се’ се мисли на стрелецот Дејан Танески од Охрид, но и на останатите спортисти кои стрелаат меѓународна програма.
![]() |
![]() |
Поврзани објави
АЛЕКСАНДАР НАСТАПИ НА СП ВО ЛИМА ВО ДИСЦИПЛИНАТА П4-ПИШТОЛ СЛОБОДЕН ИЗВОР
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, ЛИМА, ПЕРУ 19-29.09.2023
WSPS GRAND PRIX NOVI SAD 2023