НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО, CHATEAUROUX, ФРАНЦИЈА

Македонските параолимпијци од 22-30.09.2018 година учествуваат на Светскиот куп во стрелаштво во Шатору, Франција. Во состав на екипата се:Бранимир Јовановски-тренер и стрелец, Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски-стрелци и Драган Дојчиноски тим менаџер и асистент.
Натпреварот е од квалификциски карактер за учество на Параолимписките игри во Токио 2020. На натпреварот учествуваат 232 стрелци од 44 држави од целиот свет.
Нашите спортисти на 25 септември настапија во дисциплината спорт пиштол на 25 метри во која недостатокот (на пред се доволно, а потоа и квалитетна) муниција си го направија своето, имаше неколку застои, многу нервози и пласманот не е онаков каков што посакувавме и очекувавме да биде.

И во втората дисциплина воздушен пиштол 10 метри која ја стрелавме на 27 септември работите не одеа како посакуваното. Добра вест е што Александар и Ванчо стрелаа во висина на пропишаните норми во таа дисциплина за учество на Светското првенство кое ќе се одржи во Сиднеј, Австралија во октомври 2019 година.
За жал, после подолго време, подиумот остана без македонско знаме.
Утре е последен натпреварувачки ден, се стрела малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри. Да се надеваме на подобар пласман отколку во претходните дисциплини.
Овој Светски куп покажа одредени недосатоци кои ќе треба да ги поправаме во следниот период, секако со максимална поддршка од страна на Министреството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт.
Се повеќе спортисти професионално се занимаваат со стрелаштво, а тоа значи дека и нашиот тренажен процес треба да го приближиме до професионализам, а за тоа треба и многу време, и соодветни ресурси и кадри, но и средства за реализација на програмите.

[Best_Wordpress_Gallery id=”164″ gal_title=”francija2018″]