НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ССРИ КУМАНОВО ШАМПИОНИ ВО ЛИГАТА ВО ПИНГ ПОНГ 2019

На 27.10.2019 година, во Битола, во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Битола, беа одржани оследните две кола од државната Лига во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет за 2019 година.

Екипата на ССРИ Куманово (Страшко Коцевски, Зоран Трајановски и Небојша Ташиќ) со максимални 10 победи, или вкупно 20 поени ја освои титулата во Лигата на Македонија во пинг понг за 2019 година. На второто место се пласира екипата на ССРИ Прилеп (Рубинчо Ристески, Марјан Зафировски и Тајна Ристеска) со 16 поени и на третото екипата на ССРИ Кисела Вода (Вјачеслав Корјакин, Дејан Алексовски и Олга Ристовска) од Скопје.

Резултати и табела

Деветто коло:

ССРИ Кисела Вода : ССРИ Куманово 1:3

ССРИ Битола : ССРИ Скопје II 3:0

ССРИ Велес : ССРИ Прилеп 0:3

Десетто коло:

ССРИ Куманово : ССРИ Велес 3:0

ССРИ Прилеп : ССРИ Битола 3:1

ССРИ Скопје II : ССРИ К.Вода 1:3

 

КОНЕЧНА ТАБЕЛА по одиграни 10 кола:

  1. ССРИ Куманово (30:3) 20 бодови
  2. ССРИ Прилеп (25:10) 16 бодови
  3. ССРИ Кисела Вода (21:17) 12 бодови
  4. ССРИ Битола (18:21) 8 бодови
  5. ССРИ Скопје II (10:26) 4 бодови
  6. ССРИ Велес (1:30) 0 бодови