На 22.10.2018 година, во сала 5 во ДХО „Даре Џамбаз“ се одржа работен состанок помеѓу избраните претставници од редот на телесните инвалиди за новиот состав на Собранието на НФСРИМ-МПК за мандатниот период 2018-2022. Согласно Спогодбата за здружување, од 16 можни кандидати, беа избрани 5 за следниот состав на Собранието, 3 делегира Мобилност Македонија, а се одлучуваше и за нови претставници во УО и кандидат за претседател. Подготвено ја очекуваме најавената седница на изборно Собрание. Циклусот квалификации за Параолимписките игри во Токио 2020 е веќе започнат, а нашиот комитет очекува да се освојат квоти од 2-3 спортисти (во мај годинава квота освои Оливера Наковска-Бикова).
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ