НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

На 21.12.2019 година во Холидеј Инн во Скопје се одржа седница на Собрание на МОК на која седница како делегати присуствуваа и претставниците на нашата федерација, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски. Беше донесен нов Статут кој го регулира членувањето во органите и телата, а Параолимпискиот комитет останува како член на новото Собрание со право на 1 глас.

Со присуство на 92 од 128. делегати на Собранието, Македонскиoт олимписки комитет денеска се преименува во Олимписки комитет на Северна Македонија. По инструкции на Интернационалниот олимписки комитет, од МОК најавија дека во април треба да се одржи уште едно Собрание на кое ќе се завршат сите планирани измени.

„Како и сите во Македонија и ние сме чувствителни на името на македонскиот олимписки комитет. Не прифативме да бидеме олимписки комитет на ФИРОМ. Бидејќи се усогласија рботите на државно ниво, уставот и законите се сментети, а инфоромацијата потекнува од ООН кон ИОК и затоа мораме да носиме одлука да се викаме Олимписки комитет на Северна Македонија. Ние не можеме да го браниме името, Не сме го створиле проблемот, но си ја почитуваме државата“, изјави Тупурковски.

Променет е и статутот на организацијата и беа изгласани нови членови на Собранието. Олимписките спортови подолго време бараа поголема улога во Олимпискиот комитет, а промената беше направена во координација со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Со новите одлуки, Собранието во иднина ќе брои 53 членови, а мнозинството (29) ќе доаѓаат од спортските федерации кои се олимписки спортови, а 24 други делегати.

Според најновите промени, познати се и членовите на Собранието на Олимпискиот комитет, а тоа се Васил Тупурковски, Владимир Богоевски, Руждија Калач, Даниел Димевски, Емил Павлов, Чедо Николовски, Наталија Малахова, Елизабета Божиновска, Шабан Сејдиу, Златко Калински, Стојна Вангеловска, Гордана Нацева, Дарко Панчев, Или Марку, Моника Гавриловска, Венцислав Недев, Антонио Ристевски, Благоја Георгиевски, Назим Куртовиќ, Стојан Поповски, Нина Балабан, Кик Бокс МаиТаи федерација на Македонија, Самбо Федерацја на Македонија, Параолимписки комитет на Северна Македонија.

Васил Тупурковски, кој е претседател на Олимпискиот комитет уште од неговото формирање од 1992 година, во договор со опозиционерите останува на функцијата барем до Олимпсиките игри во Токио 2020 година. За потпретседатетели се поставени првиот човек на македонскиот бокс, Примислав Димовски и претседателот на кошаркарската федерација, Перо Антиќ.