На 01.12.2019 година во Скопје, во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија се одржа екипното државно првенство во шах за 2019 година. На првенството настапија репрезентациите на 4 национални инвалидски организации.
Првото место го освои екипата на Мобилност Македонија со максимален број на победи (3).
Екипата во состав:Јанчо Ѓорѓевски-Куманово, Тоде Зафировски-Тетово, Адем Небиу-Скопје и Билал Биберовиќ-Велес го прими преодниот пехар од претседателот на параолимпискиот комитет, Бранимир Јовановски
Конечен пласман
1.Мобилност Македонија 3 бодови (10 ½ поени)
2.Сојуз на цивилни инвалиди 2 бодови (6 ½ поени)
3.Сојуз на слепи 1 бод (7 поени)
- Сојуз на глуви 0 бодови (0 поени)
Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ
ЗАТВОРАЊЕ НА 9. СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ, ОХРИД 2022
4.Онлајн ФИДЕ Светски шампионат за лица со инвалидност