НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

РАБОТНА СРЕДБА ВО ПОДГОРИЦА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИТЕ КОМИТЕТИ НА ЦРНА ГОРА, СЛОВЕНИЈА, СРБИЈА, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА

На 23.11.2019 година во Подгорица се одржа работна средба помеѓу претседателите на Параолимписките комитети во регионот и тоа на Словенија, Дамјан Лазар, на Црна Гора, Игор Томиќ, на Хрватска и воедно и на Европскиот параолимписки комитет, Ратко Ковачиќ, на Србија, Зоран Миќовиќ, на БиХ, Сабахудин Делалиќ и на Северна Македонија, Бранимир Јовановски.

Беа договорени чекори за натамошна соработка по одделни спортови, а претседателот на ЕПЦ, Ратко Ковачич ја образложи идејата на комитетот за регионална поврзаност меѓу параолимписките комитети во Европа. Се предлага да се формираат пет регионални комитети, нашиот би влегол во состав на Југо-источниот регион на Европа со комитетите на: Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Романија и Молдавија. Ова засега е само предлог листа и иницијатива, допрва треба да се дискутира на официјален состанок во ЕПЦ и да се донесе соодветна одлука.

Исто така беше договорено барем два пати во годината да се организира работна средба со претседателите на комитетите по принцип на ротација на домаќинот на средбата, и на тие средби би се договарале натамошните чекори за заедничко делување на спортско и организациско поле, а се во интерес на развој на параолимпискиот спорт во регионот