НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

РАБОТНА СРЕДБА СО Dr Abdelrazaq Banirasheed, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ЗАПАДНО-АЗИСКИ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТИ

На 09.08.2021 година беше одржан работен состанок помеѓу претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски и генералниот секретар Драган Дојчиноски, со претседателот на Западно-Азиски параолимписки комитет, d-r Abdelrazaq Banirasheed и Маан Махмалат.
Веќе подолго време параолимпијците на Обединети Арапски Емирати, вкупно 8, заедно со нивните тренери, се подготвуваат во нашата држава за претстојните Параолимписки игри во Токио. Нашиот параолимписки комитет, како плод на повеќегодишна соработка, успеа да обезбеди адекватни услови на стадион за непречен тренинг на спортистите од ОАЕ.
Со оглед на тоа дека со екипата во Скопје е присутен и d-r Abdelrazaq Banirasheed, кој меѓу повеќето функции кои ги обавува е и финансиски директор на Параолимпискиот тим на ОАЕ, ова беше добра прилика да оствариме работна средба на која дискутиравме за моделите на идна соработка, но и за можноста наши спортисти да учествуваат на натпревари во ОАЕ на сметка на домаќините.
Ние им посакуваме успешни подготовки на нашите колеги параолимпијци од Обединетите Арапски Емирати и успешен настап во Токио.