One to one meeting with DRIUMA Vladimir, NPC Relations Coordinator, NOC/NPC Services & Relations Tokyo 2020
Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри Токио 2021, на почетокот на месец јуни годинава, најави состаноци еден на еден, со Националните параолимписки комитети кои ќе се одржат помеѓу 15 Јуни и 10 Јули 2020 година.
Денеска, Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, одржа состанок со нашиот координатор за односи од Токио организацискиот комитет, Владимир Дриума.
Тој не информираше дека Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри Токио 2020 е во процес на потврдување на објектите за натпреварување и тренинг, како и за нивото на услугите кое ќе им се пружи на спортистите пред и за време на одложените игри за 2021 година. Констатиравме дека кризата со корона вирусот остава длабоки последици, пред се на тренажниот процес на спортистите у учество на натпревари, но како и другите и ние ќе треба да научиме да живееме со истиот и да се почитуваат сите процедури. Официјалната потврда во однос на продолжување со процесто на акредитација се очекува од септември 2020 година, така да во меѓувреме Локалниот организациски комитет ја користи оваа можност да не информира за напредокот што го имаат постигнато, како и можноста да добијат информации како одложувањето на игрите влијаело на промена на плановите за учество на игрите врз нашиот комитет.
Претходно беше споделен прашалник кој ние го пополнивме и испративме пред десет дена, а денес детално ги разгледавме дел по дел информациите кои беа теми за дискусија:
-Ажурирање на контактите и потврда на лицата за контакт;
-НПЦ асистенти , измени и дополненија;
-Организирање на настани со град домаќин од Јапан за време на престојот;
-Посета на Спортските капацитети пред одржување на игрите и можноста за организирање и учество на тренинг камп;
-Престој во олимписко село на тимот и евентуална потреба од закупување на хотел за посебни гости;
-Учество на нашата екипата на церемониите на отварање и затварање на игрите;
-Службено возило, евентуална промена на тип на возило и бро на седишта;
-Планиран број на наши учесници и продолжување на систем на квалификации;
-Пријава на лекар на екипа и медицински сервис за спортистите;
-Планирани на денови на пристигнување и заминување од Јапан на нашите учесници.
Откако ги ажуриравме сите овие податоци се договоривме, иако игрите се одложени за 2021 година, да останеме летово во комуникација, бидејќи од октомври се очекува повторно интензивирање на соработката во однос на разни преписки.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ