Оливера Наковска Бикова денес (25.08.2021) ги одработи тренинзите на двете, од трите стрелишта на кои ќе настапи на игрите. Купивме муниција, ја тестиравме, се одлучивме со која ќе настапиме, добро е, се е онака како што треба (засега). Расположението во тимот е на високо ниво, се разбираме, соработуваме, спремаме тактики и варијанти ,сериозно ги одработуваме обврските, ФУНКЦИОНИРАМЕ, а тоа е најважно во моментов.
Утре е нов ден, нови обврски, нови предизвици.
Ние остануваме посветени на она за што сме дојдени, во најдобро светло да ја претставиме нашата држава и нашиот параолимписки комитет.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО