ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ДОНАЦИЈА СО Н.Е. АНКЕ ХОЛШТАЈН ЗА НАБАВКА НА ДВЕ ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ ЗА КОШАРКА
На 19.09.2022 година во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, делегацијата на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија во состав: Бранимир Јовановски, Благоја Мишовски и Драган Дојчиноски, потпиша договор за донација со Н.Е. Анке Холштајн, Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.
Предмет на донацијата се 2 инвалидски колички за кошарка, а износот на донацијата е 531.704,00 денари. Голема благодарност до амбасадорката за конкретна помош во реализација на овој започнат проект.
Очекуваме деновиве да потпишеме договор за донација и со НЛБ Банка Скопје, и со Триглав Осигурување Скопје, за дополнителни 4 инвалидски колички за кошарка.
Поврзани објави
Информативен билтен од проектот VIEWS
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025