НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА ЦРНА ГОРА ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ ОД 10 ГОДИНИ ОД ПРИЕМОТ ВО IPC

Претседателот и генералниот секретар на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, по покана од Параолимпискиот комитет на Црна Гора, присуствуваа на свечената академија по повод одбележување на јубилејот 10 години од приемот на Параолимпискиот комитет на Црна Гора во Меѓународниот параолимписки комитет (IPC).

На академијата како гости присуствуваа и претседателите на параолимиските комитети од регионот од: Хрватска, а воедно и претседател на Европските параолимписки комитети, Ратко Ковачич, на Србија, Зоран Миќовиќ, на Словенија, Дамјан Лазар, на Босна и Херцеговина, Сабахудин Делалиќ, а свеченоста ја увелича со своето присуство министерот за спорт и млади на БиХ, Никола Јановиќ.

Искрени честитки во името на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија до спортистите-параолимпијци на Црна Гора за се што до сега го постигнаа на спортско поле, но и до претседателот на комитетот, Игор Томиќ за сите вложени напори да го подигне параолимпискиот комитет организационо и финансиски на висина на која сега се наоѓа, во услови на стабилно финансирање и континуирано високи резултати на спортистите.

Имено, на 22.11.2009 година, на Генералното собрание во Куала Лумпур, ПОК на Црна Гора стана полноправна членка на Меѓународниот параолимписки комитет. Претседателот на Параолимпискиот комитет (ПОК) на Црна Гора, Игор Томиќ рече дека е горд на феноменот на параолимпизмот во Црна Гора, на спортистите и постигнатите резултати во првите десет години од меѓународното признавање на црногорската кровна организација за спорт на лица со инвалидност.

„Се вели дека среќата е поголема, а тагата помала кога се споделува со некого. Горди сме што сите сте тука да го споделите задоволството од 10 години од меѓународното признавање на ПОК. Патот не беше воопшто лесен, но предизвикувачки и понекогаш трнлив, но беше голем мотив за сите нас. Не би било можно да се достигне ова ниво на Параолимпискиот комитет без помош од државата, помошта што ПОК сè уште ја добива и денес од Министерството за спорт и млади и министерот Никола Јановиќ “, рече Томиќ.

Тој истакна дека не може да ја заборави помошта и поддршката на Ратко Ковачиќ, претседател на Европскиот параолимписки комитет. Томиќ ги поздрави претседателите на параолимписките комитети од регионот, националните спортски федерации, институции на лица со инвалидност, раководителите на општините од кои доаѓаат црногорските спортисти.

„Горд сум на феноменот на црногорскиот параолимпизам во целата држава. На родителите ќе им кажам ви благодарам за вашата доверба. Ние заедно водевме битки и уживавме во нашите и вашите победи. Нашите тренери, големи имиња на спортот не само на Црна Гора, туку и на регионот, Европа и светот, додадоа одличен печат на знаењето и вештините на нашите деца. Бидете горди на она што сте го направиле “, рече Томиќ.

„Живејте ги вашите соништа, чувајте го овој Параолимписки комитет, добар е. Зачувајте го заради сите деца кои допрво сега ги сонуваат своите соништа. Ова е прекрасна приказна не само за нас и за вас, туку и за нашата Црна Гора, не само во спортски поглед, туку и во она што традиционално се негува во Црна Гора – човечност, солидарност и хуманост. Ова се само нашите први 10 години, продолжуваме понатаму “, заклучи Томиќ.

„Ова признание не го препознавам само како награда за институцијата што ја водам, туку и како потврда за пријателскиот и партнерскиот однос што Министерството за спорт и млади уште од формирањето го гради со ПОК. Задоволство ми е што можам да зборувам на извонредната годишнина, 10 години откако комитетот се приклучи во светското семејство на параолимписки комитети. Можам да кажам дека финансиската поддршка на државата, сега на Министерството за спорт и млади, е десет пати поголема отколку што беше во годината кога беше создаден ПОЦ, пред десет години. Резултатите што ги постигнуваат црногорските параолимпијци се нивна заслуга, но и на нивните семејства, стручните тимови, параолимпискиот комитет, и тие нам како држава ни служат на чест “, рече Јановиќ.

Првиот човек на Европскиот параолимписки комитет, Ратко Ковачиќ, истакна дека зад годишнината и славењето десет години стои многу работа, наведувајќи дека спортот е најсилната алатка за борба против сите видови на зависности.

„Им честитам на спортистите кои во минатото постигнаа големи резултати. Штотуку стапнавте на европската и светската сцена, а постигнувате врвни резултати и освојувате медали. Сакам да го освоите и првиот параолимписки медал и верувам дека тоа ќе се случи наскоро. “, рече Ковачиќ доделувајќи ја плакетата од Европскиот параолимписки комитет на претседателот Игор Томиќ.

На академијата премиерно беше прикажан документарниот филм „Ги живееме нашите соништа“, од познатиот црногорски режисер Никола Вукчевиќ, кој потсети на почетоците на ПОК, развојот и најзначајните резултати на црногорските параолимпијци.