Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов, на 25,10.2010 година во просториите на агенцијата организираше прес конференција по повод потпишувањето на новиот Договор за стипендирање на Оливера Наковска – Бикова, носител на бронзен медал од Светското првенство во Загреб. Како награда за освоената квота за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012 година, директорот вети донација од 180.000,00 денари за набавка на нов пиштол за дисциплината спорт пиштол која се стрела на 25 метри, како и за 10.000 куршуми малокалибарска муниција. Донацијата е реализирана на 30.12.2010 година и НФСРИМ-МПК е во постапка за набавка на наведената опрема.
За време на истата посета со директорот на Агенцијата за млади и спорт се договоривме да се провери и да ја забрза постапката за нашите спортисти: Вангел Жабев во пливање, Рагми Арифовски во глобал и Митко Фидановски во стрелаштво, кои со своите спортски постигнувања го заслужуваат, но се уште не го добиле Националното спортско признание, како и да се зголеми финансирањето на меѓународниот спорт со оглед на тоа дека претстои учество на повеќе квалификациски турнири во стрелаштво и атлетика, како и европски првенства.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ