На денешната квалификациска сесија на Параолиписките игри во Лондон, македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова постави нов светски и параолимписки рекорд со испукани 381 кругови.
Финалето е закажано во 15 и 15 минути по локално време (16:15 по македонско време).
Предвидувањата на тренерот Бранимир Јовановски навистина се остварија. Тој пред започнувањето на Параолимписките игри изјави дека Оливера е во топ форма и дека реално е да се очекува висок пласман од неа.
Останува да и посакаме мирна рака и остро око, и на Параолимписките игри да се интонира Македонската химна, по втор пат по освојувањето на златниот медал на Бранимир Јовановски во Барцелона.
Цела Македонија е се тебе Оле!
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024