НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2023

На 21.10.2023 година, во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци, во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржа Државно првенство на Македонија во пинг понг за спортисти со инвалидност.
На натпреварот настапија 35 спортисти со телесен инвалидитет и 18 глуви спортисти, поделени во 6 категории.
Резултати спортисти со телесен инвалидитет:
Жени-класа 5-10
1.Лилјана Мицовска, Кочани;
2.Оливера Наковска Бикова, Битола;
3.Олга Ристовска, Кисела Вода-Скопје.
Мажи-класа 3-5
1.Зоран Јовановски, Струмица;
2.Бранимир Јовановски, Куманово;
3.Васил Росомански, Кавадарци.
Мажи-класи 6-8
1.Рубинчо Ристески, Прилеп;
2.Марјан Зафировски, Прилеп;
3.Тони Митровски, Скопје.
Мажи-класа 9-10
1.Страшко Коцевски, Куманово;
2.Ненад Диниќ, Кисела Вода-Скопје;
3.Дејан Алексовски, Кисела Вода-Скопје.
Жени-глуви и наглуви
1.Севдија Велиова, Штип;
2.Маја Маркова, Кисела Вода-Скопје;
3.Марија Русовска, Кисела Вода-Скопје.
Мажи-глуви и наглуви
1.Ристо Ѓиков, Кавадарци;
2.Томица Стојановски, Кисела Вода-Скопје;
3.Алим Алимовски, Кисела Вода-Скопје.
Средства за одржување на ова првенство се обезбедени од средствата за финансирање на програмските активности на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија за 2023 година, трансферирани преку Министерството за труд и социјална политика

[Best_Wordpress_Gallery id=”480″ gal_title=”pingpong2023″]