НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДРЖАН ПРЕД-РЕГИСТРАЦИСКИ СОСТАНОК (НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА ОД ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА) СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ТОКИО 2020

На 02.06.2021 година беше одржан пред-регистрациски состанок помеѓу претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски и претставниците на Токио 2020: Владимир Дриума-регионален менаџер за комуникација и координација со Националните параолимписки комитети (НПК), Лариса Соарес-менаџер за акредитации на НПК и Бруно Симпсон-менаџер за спортски пријави (Европа).
На едночасовниот состанокот одржан на Team платформата беа дискутирани повеќе теми, меѓу кои: можен состав на делегацијата од нашиот комитет која ќе учествува на игрите, потреба на тимот од соби со адаптиран тоалет и адаптиран превоз, број и функција на потенцијалните учесници на игрите, број на асистенти и возачи кои ќе ни бидат на располагање, моментално квалификуваните спортисти за Токио 2020 вклучително тие со директна квота, со Универзална вајлд карта и со потенцијална Бипартитна карта, потоа за широката листа на акредитирани лица, како и точна адреса на комитетот за прием на времените акредитации кои ќе послужат и како виза за влез во Јапан, и многу други прашања.
Засега сите наши обврски кон организацискиот комитет на Токио 2020 Параолимписки игри се завршени, следи натамошна комуникација во врска со ковид-19 мерките, нов вебинар по издавањето на конечната верзија на Плејбукот кон крајот на овој месец, инсталација во системот ICON за пратење на здравствената состојба на потенцијалните учесници на игрите итн.