ОДРЖАН ПОЧЕТНИОТ СОСТАНОК ВО ВРСКА СО ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+, GYM4ALL
На 26 август 2022 година, во Книн, Хрватска, се одржа почетниот состанок поврзан со проектот Еразмус+ наречен GYM4ALL. На состанокот присуствуваа претставници на 5 организации од три земји – Хрватска, Словенија и Северна Македонија. Параолимпискиот комитет на Северна Македонија го претставуваа претседателот Бранимир Јовановски и генералниот секретар, Драган Дојчиноски.
Со оглед на тоа дека ова беше прва средба на членовите на проектниот конзорциум, во првиот дел од состанокот секоја организација со куса презентација ја презентираше својата работа и активности.
По презентациите од партнерите во проектот, раководителот на проектот Марио Шкегро, пред присутните го презентираше проектот, проектните активности и одговорностите на секој партнер во следната фаза од спроведувањето на проектот. Подоцна, Ненад Борковиќ – надворешен консултант од компанијата Боркинсон, одржа едукација за Еразмус+ „Цели и структура на проектите Еразмус+“ каде што ја презентираше програмата Еразмус+ пред партнерите и можностите за финансирање.
По средбата, партнерите отидоа на ручек каде продолжија да разменуваат идеи и да споделуваат знаења меѓу себе.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
ВО ВРСКА СО СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА ПОИ ПАРИЗ 2024
НА ПАТ ЗА ПАРИЗ