Извршниот одбор едногласно го разреши досегашниот Генерален секретар Темелко Дојчиноски, бидејќи неговиот мандат заврши. Веднаш потоа Извршниот одбор едногласно за нов Генерален секретар на ФСРИМ-МПК за мандатниот период 2009-2013 година го избра сегашниот секретар Драган Дојчиноски.
Извршниот одбор едногласно го избра составот на Стручната комисија за мандатниот период 2009-2013 год. Комисијата ќе работи во состав: Бранимир Јовановски – претседател на комисијата, Драган Дојчиноски, Димче Димитровски, Коце Димов и Ванчо Каранфилов членови на комисијата. По потреба, активно учество во работата на Стручната комисија ќе земат и селекторите во одредени спортови назначени од федерацијата.
Извршниот одбор едногласно го избра составот на Лекарската и Анти-допинг комисија при ФСРИМ-МПК која ќе работи во состав: Д-р сци. анестезиолог и реаниматолог Елвис Алексовски – претседател на комисијата, Д-р Александар Димов – доктор на медицина и Глигор Ставров – дипломиран фармацевт, членови на комисијата.
Извршниот одбор едногласно го избра составот на Статутарно- кадровската комисија. За членови на оваа комисијата беа избрани: Бранимир Јовановски, Коце Димов и Темелко Дојчиноски.
Извршниот одбор едногласно го избра составот на Комисијата за информирање и медиуми. Комисијата ќе работи во состав: Тони Пајдаков, Бранимир Јовановски и Коце Димов.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ