Деновиве пристигна и втората пратка на опрема за параолимпијците – стрелци, малокалибарските пиштоли ТОЗ-35, така да благодарение на средствата што наменски ги обезбеди Агенцијата за млади и спорт на РМ, на која од се’ срце и несебично и’ се заблагодаруваме, нашите спортисти конечно ќе можат да стрелаат со ново и сопствено оружје, а не како досега – со старо, амортизирано и позајмено оружје. Секако ќе биде потребен одреден период за да се навикне оружјето, но има доволно тренажни денови до Пекинг, па ако нашите стрелци можеа да постигнуваат исклучително високи резултати и да освојуваат медали ширум светот со старо оружје, не ја гледаме причината тоа да продолжат да го прават и со новото. Како и да е, времето ќе покаже дали „Секоја пушка во рацете на јунакот е убоита“.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024