Во рамките на одржување на Меѓународното првенство на Југоисточна Европа 22-29.06.2008 година, се одржа и натпреварување во стрелаштво за лицата со инвалидност на кое присуствуваа натпреварувачи од 8 држави: Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Украина, Грција и Унгарија.
Република Македонија на овој натпревар ја претставуваа параолимпијците: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски, како и стрелците чие време допрва доаѓа: Тони Митровски и Лидија Крстеска.
Нашите спортисти параолимпијци постигнаа исклучително високи резултати освојувајќи 5 медали од кои 3 златни и 2 сребрени.
Вториот натпреварувачки ден се стрелаше дисциплината воздушен пиштол мажи (13 натпреварувачи) и зени (5 натпреварувачки) и освоивме 3 медали, 2 златни и еден сребрен.
По стрелањето на 60 истрели во основниот дел, Бранимир Јовановски со 556 кругови влезе во финалето како првопласиран, Ванчо Каранфилов со 555 кругови влезе во финалето како второпласиран, додека Тони Митровски со 523 кругови го освои 11-то место од вкупно 13 натпреварувачи. По финалните десет истрели Ванчо Каранфилов за 0,3 кругови го помина Бранимир Јовановски и со 648,9 кругови го освои првото место, Бранимир
Јовановски со 648,6 го освои второто место, додека Гурисати Ѓула од Унгарија го освои третото место со 645,3 кругови.
1 | Karanfilov Vančo Macedonia | 93 | 91 | 92 | 93 | 97 | 89 | 555 | 648,9 | |||
Finele: | 10,7 | 9,1 | 9,5 | 9,4 | 8 | 7,7 | 10,3 | 9,8 | 10,6 | 8,8 | 93,9 | |
2 | Jovanovski Branimir Macedonia | 94 | 93 | 95 | 89 | 95 | 90 | 556 | 648,6 | |||
Finale: | 10,5 | 9,8 | 8 | 8,2 | 7,8 | 10 | 9,9 | 10 | 9,5 | 8,9 | 92,6 | |
3 | Gurisati Gyula Hungary | 93 | 92 | 92 | 95 | 89 | 91 | 552 | 645,3 | |||
Finale: | 7,8 | 7,7 | 10,2 | 10 | 9,1 | 10,4 | 9,7 | 10 | 9,8 | 8,6 | 93,3 | |
4 | Papaz Živko Serbia | 91 | 96 | 89 | 89 | 95 | 90 | 550 | 643,1 | |||
Finale: | 9,2 | 10 | 8,8 | 8,6 | 9,5 | 8,9 | 8,8 | 8,6 | 10,2 | 10,5 | 93,1 | |
5 | Janda Aleksandar Serbia | 92 | 92 | 88 | 90 | 92 | 93 | 547 | 642.5 | |||
Finale: | 9.4 | 9.6 | 9.6 | 10.1 | 8.9 | 10.5 | 9.7 | 10.7 | 9.5 | 8.5 | 95.5 | |
6 | Koszegi Tamas Hungary | 88 | 91 | 96 | 90 | 90 | 91 | 546 | 640.8 | |||
Finale: | 10.1 | 8.3 | 7.6 | 8.5 | 10 | 10.3 | 8.9 | 10.2 | 10.8 | 10.1 | 94.8 | |
7 | Pajović Milan Serbia | 88 | 90 | 91 | 87 | 91 | 94 | 541 | 638.9 | |||
Finale: | 9.5 | 9.8 | 10.2 | 10 | 9.5 | 10 | 9.9 | 9.6 | 10.6 | 8.8 | 97.9 | |
8 | Bošnjak Damir Croatia | 88 | 88 | 95 | 91 | 92 | 89 | 543 | 638.5 | |||
Finale: | 8.9 | 9.7 | 10.2 | 9.3 | 10.4 | 9.6 | 8.5 | 10.3 | 7.9 | 10.7 | 95.5 | |
9 | Dome Istvan Hungary | 88 | 94 | 84 | 90 | 92 | 83 | 531 | ||||
10 | Radović Sredo Serbia | 87 | 92 | 90 | 91 | 90 | 80 | 530 | ||||
11 | Mitrovski Toni Macedonia | 87 | 90 | 86 | 86 | 92 | 82 | 523 | ||||
12 | Šipka Zoran Serbia | 90 | 84 | 91 | 77 | 78 | 82 | 502 | ||||
13 | Ilias Papadopou Greece | 82 | 78 | 76 | 83 | 81 | 85 | 485 |
Оливера Наковска Бикова исстрела 375 кругови што претставува одличен резултат и убедливо го освои првото место пред Татјана Подзиубан од Украина која со 361 кругови го освои второто место и натпреварувачката од Србија, Мирјана Илиќ Ѓурчин која со исстрелани 355 кругови го освои третото место. Лидија Крстеска после исстрелани две серии (79 и 76 кругови) во отсуство на селекторот Бранимир Јовановски, кој мораше да замине во ортопедија заради итна поправка на ортопедско помагало, го напушти натпреварот заради како што таа истакна дефект на пиштолот. Како и да е, три дена подоцна Лидија Крстеска настапи со истиот пиштол на двомечот во Зрењанин и истрела 340 кругови.
1 | Nakovska-Bikova Olivera Macedonia | 92 | 95 | 94 | 94 | 375 |
2 | Podziuban Tetiana Ukraine | 88 | 87 | 95 | 91 | 361 |
3 | Ilić-Đuričin Mirjana Serbia | 90 | 84 | 91 | 90 | 355 |
4 | Aikaterini Panagiotou Greece | 87 | 90 | 91 | 86 | 354 |
5 | Krsteska Lidija Macedonia | 79 | 76 | 0 | 0 | 155 |
Следните два медали беа освоени во дисциплината спорт пиштол. Ова е специфична дисциплина и не ја стрелаат сите спортисти. Во конкуренција на шест натпреварувачи, по завршување на основниот дел од 60 истрели, во финалето првопласиран беше Бранимир Јовановски со 559 кругови, второпласирана Оливера Наковска Бикова со 557 кругови, додека Ванчо Каранфилов со 551 круг ја заземаше шестата позиција. По завршување на финалните дваесет исстрели брза стрелба токму Ванчо Каранфилов направи најголем скок освојувајќи го второто место и сребрениот медал. Оливера Наковска Бикова го освои златниот медал, а авторот на овој текст иако во финалето влезе како првопласиран, остана без медал освојувајќи го четвртото место. Таков е спортот, час си горе, час долу.
Она што е важно е дека параолимпијците стрелаа во рамките на нивните средни можности, се чувствуваше желбата за постигнување на високи резултати што на крајот резултираше со послаби пласмани. Ова е нормално во услови на недостаток на заеднички подготовки кои не беа спроведени заради недостаток на средства со кои се соочува ФСРИМ-МПК. Ова нека биде уште еден јавен апел до Агенцијата за млади и спорт сериозно да ги поткрепи параолимпијците и да им овозможи непречени подготовки заради постигнување на заедничката цел, а тоа е освојување на медал од претстојните Параолимписки игри во Пекинг.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО