1-во место екипно класа 7
Македонската репрезентација во пинг понг во состав Страшко Коцевски-класа 10, Рубинчо Ристески-класа7, Марјан Зафировски-класа7, Зоран Трајановски-класа 10 и Небојша Ташиќ-класа 10, од 01-03.06.2018 година учествуваше на меѓунарониот пингпонгарски турнир „Подгорица 2018“.
Поединечно, Рубинчо Ристески во класа 7 г освои 2-то место, а екипно Рубинчо Ристески и Марјан Зафировски во класа 7 во конкуренција на 9 екипи, го освоија 1-то место.
Успехот го надополни Зоран Трајановски во класа 10 во мешовита екипа со црногорецот Дејан Башановиќ го освои третото место екипно.
На турнирот учествуваа 60 пингпонгари од 6 држави: Црна Гора, БиХ, Бугарија, Србија, Хрватска и Македонија.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE