На 27.11.2022 година, во организација на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со учество на натпреварувачи од Бугарија, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се одржа меѓународен турнир во пинг понг „Куманово 2022“.
Натпреварот се одржа во реновираната спортска сала на Гимназијата „Гоце Делчев“, за што во ова прилика и се заблагодаруваме на директорката Марија Тодоровска, а со поддршка од Општински сојуз на спортови Куманово.
Раководител на турнирот и главен судеја беше Мики Трендафиловски, а турнирот го прогласи за отворен Срѓан Величковиќ, секретар на Сојуз на спортови Куманово.
Во исклучителна фер и занимлива борба беа постигнати следните резултати:
Класа 6-8
-
Јордан Митев од Бугарија
-
Милорад Јовановиќ од Србија
-
Пјетро Палушевиќ од Црна Гора
-
Милан Антиќ од Србија
-
Марјан Зафировски од Северна Македонија
-
Тони Митровски од Северна Македонија
Класа 9-10
-
Паун Ватов од Бугарија
-
Дејан Башановиќ од Црна Гора
-
Валентин Маринов од Бугарија
-
Небојша Стефановиќ од Србија
-
Зоран Трајановски од Северна Македонија
-
Дејан Алексовски од Северна Македонија
На најдобрите три спортисти по класи им беа врачени медали.
Поврзани објави
ЕКИПНО БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО КЛАСА 6-7 ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ И МАРЈАН ЗАФИРОВСКИ
БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА ИГОРЧО ПОСТОЛОВ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПИНГ ПОНГ ТУРНИР „ПОДГОРИЦА ОПЕН 2024“
МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2024”