На 27.11.2022 година, на стрелиштето Бејбунар во Охрид, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимпики комитет на Северна Македонија, а со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт, се одржа Државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност.
На натпреварот настапија во дисциплината воздушна пушка телесен инвалидитет 11 натпреварувачи, во дисциплината воздушна пушка глуви и наглуви лица 8 натпреварувачи, во дисциплината воздушен пиштол телесен инвалидитет 5 натпреварувачи, и во дисциплината воздушен пиштол глуви и наглуви лица 4 натпреварувачи.
Главни судии на натпреварот беа Валентина Гоџовска во пушка и Бранимир Јовановски во пиштолски дисциплини, а севкупната организација на настанот беше во ингеренција на Драган Дојчиноски, генерален секретар на комитетот.
Натпреварот го прогласи за отворен претседателот на федерацијата Благоја Мишовски, кој подоцна за време на заедничкиот ручек на учесниците им ги додели медалите на најдобрите три спортисти по групи.
Резултати:
Воздушен пиштол телесен инвалидитет
-
Оливера наковска Бикова од Битола со 569 кругови,
-
Александар Јовановски од Скопје со 550 кругови,
-
Ванчо Каранфилов од Скопје со 538 кругови,
-
Небојша Пејоски од Струга со 499 кругови,
-
Михајло Михајлов од Кавадарци со 466 кругови.
Воздушна пушка телесен инвалидитет
-
Бранимир Јовановски од Куманово со 316 кругови,
-
Елизабета Тодоровска од Куманово со 315 кругови,
-
Новча Тодоровски од Куманово со 315 кругови (послаба последна серија)
-
Ѓорѓи Здравески од Прилеп со 301 круг,
-
Зоран Јовановски од Струмица со 293 кругови,
-
Менде Дивјаковски од Битола со 285 кругови,
-
Стеван Ангелески од Прилеп со 283 кругови,
-
Ванчо Каранфилов од Скопје со 254 кругови,
-
Златко Биков од Битола со 208 кругови,
-
Олга Ристовска од Скопје со 206 кругови,
-
Николче Станојовски од Битола со 153 кругови.
Воздушен пиштол глуви и наглуви
-
Светлан Седмаков од Скопје со 538 кругови,
-
Нина Пејчиќ од Гевгелија со 527 кругови,
-
Даниел Михајловиќ од Скопје со 513 кругови,
-
Горан Митревски од Скопје со 452 кругови.
Воздушна пушка глуви и наглуви
-
Светлан Седмаков од Скопје со 308 кругови,
-
Даниел Михајловиќ од Скопје со 293 кругови,
-
Горан Митревски од Скопје со 274 кругови,
-
Васил Љомов од Градско со 238 кругови,
-
Цанде Гелевски од Кавадарци со 222 кругови,
-
Ангел Милев од Кавадарци со 199 кругови,
-
Оливер Пејчиќ од Гевгелија со 186 кругови,
-
Маја Маркова од Скопје со 172 кругови.
-
Поврзани објави
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024