Македонските пингпонгари: Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ, Зоран Трајановски, Игорчо Постолов, Митко Сотироски, Рубинчо Ристески, Марјан Зафировски и Тони Митровски, предводени од генералниот секретар на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Драган Дојчиноски, од 21-24.11.2023 година учествуваат на меѓународниот пингпонгарски турнир „Подгорица Опен 2023“ кој се одржува во спортскиот центар Верде во Подгорица.
На турнирот учествѕуваат 50 пингпонгари од 4 држави: Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.
Турнирот за отворен го прогласи секретарот за спорт на Подгорица, Милош Антиќ, а на церемонијата на отварање поздравни говори имаа Игор Томиќ, претседател на Параолимпискиот комитет на Црна Гора, Жељко Шоќ, претседател на Пингпонгарскиот сојуз на Црна Гора и Дејан Башановиќ, претседател на Пингпонгарскиот клуб на лица со инвалидност Луча.
На 22.11.2023 година се одржаа борбите во поединечна категорија. Најдобар успех од нашите пигпонгари остварија Страшко Коцевски во класа 10, Рубинчо Ристески во класа 8 и Марјан Зафировски во класа 7 кои се закитија со бронзени медали. Останатите наши спортисти не ги поминаа квалификациските групи.
На 23.11.2023 година се одржаа екипните натпревари. Нашиот селектор состави 4 тима од присутните спортисти. Најдобар успех имаа Игорчо Постолов и Тони Митровски, кои во споената класа 6 и 7 го освоија екипниот бронзен медал. Останатите наши екипи не ги минаа квалификациите по групи.
Средства за учество на овој натпревар се обезбедени од Агенцијара за млади и спорт на Република Северна Македонија.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ