НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО, ГРАНАДА, ШПАНИЈА

Македонската репрезентација во стрелаштво пара спорт во состав: Оливера Наковска Бикова и Александар Јовановски (стрелци), Бранимир Јовановски (тренер) и Драган Дојчиноски (асистент) од 30.05-06.06.2024 година учествува на Европското првенство во стрелаштво, што се одржува во Гранада, Шпанија.
На првенството учествуваат 143 спортисти од 31 држава, а настапите на нашите спортисти се на:
02.06.2024 во дисциплината Спорт пиштол,
03.06.2024 во дисциплината Воздушен пиштол и
05.06.2024 во дисциплината Пиштол слободен избор.