Од 26.09-05.10.2017 година, во Лашко, Словнија се одржува ЕВропско првенство во пинг понг за спортисти со инвалидност во организација на Параолимпискиот комитет на Словенија (Sports Federation for the Disabled of Slovenia – Paralympic Committee of Slovenia).
На првенството се пријавени 460 учесници од кои 295 (214 мажи и 81 жена) натпреварувачи и 165 тренери, асистенти и службени лица. Спортистите се поделени во 11 категории според инвалидност во конкуренција на мажи и на жени пооделно. Учесниците се сместени во два хотела : HOTEL ZDRAVILISCE LAŠKO**** и HOTEL WELLNESS PARK LAŠKO ****, во непосредна близина на спортската сала „Три лилјани“ во Лашко, во која се играат натпреварите.
Натпреварите се играат на маси San – Ei blue, Premium wheelchair,
ITTF approved, со мрежичка SAN-EI, бели топчиња XUSHAOFA ***, на под од црвен taraflex. Сите табли се прилагодени за спортисти во инвалидска количка.
Македонскиот параолимписки комитет на Европското првенство во Словенија го претставуваат двајца учесници и тоа:
Страшко Коцевски (класа 10) од Куманово – селектор и натпреварувач) и Рубинчо Ристески (класа 8) од Прилеп-натпреварувач.
Подетални информации за натпреварот, како и слдење на настапите на спортистите можете да гледате на:
Фејсбук страната: www.facebook.com/EPINT2017
Твитер: twitter.com/epint2017
Јутјуб: https://goo.gl/E2Jmz7 (Livestream)
Веб страна: www.epint2017.com
Натпреварите во групи поединечно се играат на 28 и 29.09.2017.
Резултати по групи:
I коло
GBR~SHILTON,Billy : MKD~RISTESKI,Rubinco 3 : 0 (11:4. 11:6, 11:3)
MNE~RADOVIC,Filip : MKD~KOCEVSKI,Strasko 3 : 0 (11:4, 11:7, 11:3)
II коло
MKD~RISTESKI,Rubinco : HUN~ZBORAI,Gyula Istvan 3 : 0 (без борба, службено)
MKD~KOCEVSKI,Strasko : IRL~DAVIS,Thomas Anthony 0 : 3 (2:11, 2:11, 3:11)
III коло
UKR~DIDUKH,Viktor : MKD~RISTESKI,Rubinco 3 : 0 (11:2, 11:2, 11:4)
CZE~KARABEC,Ivan : MKD~KOCEVSKI,Strasko 3 : 0 (11:1, 11:1, 11:2)
Во екипниот дел нашите натпреварувачи вкрстуваат со репрезентациите на Русија и Холандија. Натпреварите се играат на 01 и 02.10.2017 година:
I коло
РУСИЈА : МАКЕДОНИЈА 2:0
II коло
ХОЛАНДИЈА : МАКЕДОНИЈА 2:0
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
РУБИНЧО РИСТЕСКИ ОСВОИ БРОНЗЕН МЕДАЛ НА 8. МЕЃУНАРОДЕН ПИНГПОНГ ФЕСТИВАЛ ВО ЛЕРИН, ГРЦИЈА
МАКЕДОНСКИТЕ ПИНГПОНГАРИ УЧЕСТВУВААТ НА 8th INTERNATIONAL TABLE TENNIS FESTIVAL FLORINA, GREECE