НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Екипно Државно првенство во шах 2015

По повод „3-ти Декември“ – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Македонскиот параолимписки комитет на 29.11.2015 година, во ДХО “Даре Дзамбаз” го организираше 4-то екипно Државно првенство на Македонија во шах за лица со инвалидност на кое учествуваат 4 екипи и тоа: Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија со екипа во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Љупчо Филипов, Горан Војновски и Мирослав Бучевски, Национален сојуз на слепи на РМ со екипа во состав: Миле Чапанов, Зоран Костадиновски, Трајче Димов и Хамди Џемаили, Национален сојуз на глуви и наглуви на РМ со екипа во состав Ѓорѓи Георгиев, Драги Андоновски, Вукашин Аврамовски и Беким Асипов и Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РМ со екипа во состав Жарко Селковски, Мусли Пајазити, Коста Костов и Крум Митковски.

Првенството го отвори претседателот на НФСРИМ-МПК, Тихо Русовски, главен судија на натпреварот беше Тони Пајдаков. Се играше Бергеров систем на 4 табли со темпо 30 минути по играч.

Првото место и преодниот пехар и припадна на екипата на Национален сојуз на цивилни инвалиди од војната на РМ со освоени 8 поени, колку што освои и второпласираната екипа на Национален сојуз на слепи на РМ, но со една победа помалку, а третото место и припадна на екипата на Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија-Мобилност Македонија која беше минатогодишен победник на првенството со освоени 7 поени.