На 2-ри Декември во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје, а по повод одбележување на „3-ти Декември“ – Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет се одржа екипно Државно првенство во шах, на кое со свои екипи учествуваа:
-Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија Мобилност Македонија;
-Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија;
-Националниот сојуз на слепи на Mакедонија и
-Националниот сојуз на глуви на Македонија.
Првенството се одржа по викенд правила, Бергеров систем, и на крајот првото место го освои екипата на Националниот сојуз на слепи лица на Македонија со 11 поени, на делба на второто место се пласираа екипите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија со по 6,5 поени и четвртопласирана беше екипата на Националниот сојуз на глуви на Македонија со 0 поени.
НФСРИМ-МПК како организатор на турнирот обезбеди преоден пехар.
Поврзани објави
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ
ЗАТВОРАЊЕ НА 9. СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ, ОХРИД 2022
4.Онлајн ФИДЕ Светски шампионат за лица со инвалидност