НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет 2013

На 14 и 15.09.2013 година во хотел „Галеб“ во Струга, во организација на Мобилност Македонија беше одржано 25-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија.

На првенството учествуваа 20 натпреварувачи од кои 10 директно пласирани од минатогодишното првенство. Натпреварот се одржа по Швајцарски систем во 7 кола каде редоследот се одредуваше врз основа на број на освоени поени, а во случај на еднаков број на поени, повисокиот пласман се пресметуваше најнапред врз основа на прогрес, па потоа Бухолц, број на победи и тн.

И оваа година натпреварот беше спроведен со компјутерски програм за составување на парови и одредување на пласман, судии на натпреврот беа Драган Дојчиноски и Бранимир Јовановски, а во случај на конфликтна ситуација конечен збор согласно одлуката на самите играчи имаше Јанчо Ѓорѓевски.

Во исклучително фер и коректна борба, првото место го освои Горан Војновски од Кочани со освоени 6 поени, колку што освои и второпласираниот Јанчо Ѓорѓевски од Куманово кој имаше послаб прогрес, додека третото место му припадна на Атли Горенца од Дебар со освоени 5 поени.

Табела на конечен пласман:

ПласманИме и презимеМобилностПоениПрогресБухолцПобеди
$11.       Горан ВојновскиКочани625,029,56
$12.       Јанчо ЃорѓевскиКуманово621,030,56
$13.       Атли ГоренцаДебар521,027,55
$14.       Тоде АрсовШтип4,522,028,04
$15.       Љупчо ФилиповКочани4,521,032,54
$16.       Адем НебиСкопје4,519,527,54
$17.       Мирослав БучевскиСкопје418,027,04
$18.       Слободан ДимоскиПрилеп416,030,04
$19.       Живко СтанковскиКрива Паланка415,026,04
$110.   Билал БиберовиќВелес413,017,04
$111.Даниел НунескиОхрид3,512,525,03
$112.Буран БалаДебар3,512,523,03
$113.Благој ПетровскиВелес316,026,03
$114.Васил КоцевСкопје311,019,03
$115.Васко СтефановскиБитола310,021,53
$116.   Горјан СвеќанцоскиПрилеп2,510,523,02
$117.   Венко ГолабоскиОхрид29,020,02
$118.   Баки ОсманиДебар25,020,02
$119.   Тодорче ГиновскиВелес12,019,51
$120.   Иле ПанзовСвети Николе00,017,50

Првопласираните 10 натпреварувачи директно се пласираа за следното 26-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет на Македонија, додека последните 5 натпреварувачи немаат право да учествуваат на следното првенство. За првопласираните 3 натпреварувачи беа обезбедени медали кои им ги додели претседателот на Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски.