НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2020

На 04.10.2020 година, на стрелиштето во Битола, се одржа државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност на Македонија.
На првенството настапија спортисти по повик на стручната комисија на Параолимпискиот комитет и тоа 11 спортисти со телесен инвалидитет во две спортски дисциплини (пушка и пиштол). Спортистите со оштетен слух, вкупно шест на број, се натпреваруваа на 07-08.10.2020 година на стрелиштето во Скопје.
Натпреварот се спроведе со целосно почитување на протоколите од сите учесници и организатори за заштита од ширење на корона вирусот. Учесниците носеа маски, им се мереше телесната температура, беа дезинфицирани површините, апаратурата и опремата која беше користена и тоа пред и по завршување на натпреварот.
Судии на натпреварот беа Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, а натпреварот помина во фер и спортска атмосфера.
Титулите и годинава, по кој знае кој пат, им припаднаа на Новча Тодоровски од Куманово со резултат од 322 кругови во дисциплината серијска воздушна пушка и на Оливера Наковска Бикова од Битола во дисциплината воздушен пиштол меѓународна програма со резултат од 563 кругови.
Кас спортистите со оштетен слух првото место во дисциплината воздушна пушка му припадна на Светлан Седмаков од Скопје со 299 кругови, додека во дисциплината воздушен пиштол првото место го освои Нина Пејчиќ од Гевгелија со 525 кругови
Параолимпискиот комитет на Северна Македонија им упатува честитки на сите освојувачи на медали на првенството, но и до сите спортисти кои настапија на државното првенство.
Средства за одржување на овој натпревар беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и од Агенцијата за млади и спорт.
Резултати:
Воздушен пиштол микс телесни (мажи и жени)
1.Оливера Наковска Бикова-, Битола 93, 94, 91, 91, 95, 99=563
2.Ванчо Каранфилов-Скопје 94, 93, 89, 91, 93, 90=550
3.Александар Јовановски-Скопје 87, 93, 91, 89, 91, 93=544
4.Митко Фидановски-Битола 77, 81, 89, 80, 91, 86=504
5.Небојша Пејоски-Струга 74, 75, 86, 85, 72, 90=482
Воздушна пушка СХ1- микс телесни (мажи и жени)
1.Новча Тодоровски-Куманово 77, 79, 77, 89=322
2.Васко Стефановски-Битола 80, 77, 83, 75=315
3.Елизабета Тодоровска-Куманово 70, 77, 85, 76=308
4.Николче Станоевски-Битола 74 80 66 82=302
5.Мендо Дивјаковски-Битола 68, 75, 79, 58=280
6.Олга Ристовска-Скопје 30, 51, 55, 47=183
Воздушна пишка микс оштетен слух
1.Светлан Седмаков-Скопје 80, 74, 75, 70 =299
2.Горан Митровски-Скопје 73, 70, 73, 72 =288
3.Андријана Грковска-Скопје 66, 65, 73, 69 =273
4.Оливер Пејчиќ-Гевгелија 61, 62, 42, 59 =224
5.Снежана Јарчева-Скопје 39, 50, 38, 46 =173
Воздушен пиштол микс оштетен слух
1.Нина Пејчиќ-Гевгелија 82, 85, 91, 93, 88, 86=525
2.Светлан Седмаков-Скопје 81, 87, 83, 88, 88, 87=514
3.Андријана Грковска-Скопје 80, 85, 83, 84, 82, 86=500
4.Горан Митровски-Скопје 70, 77, 87, 90, 86, 88=498
5.Снежана Јарчева-Скопје 35, 36, 57, 44, 60, 53=285