НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Државно првенство во стрелаштво 2012

На стрелиштето “Бејбунар” во Охрид на 18.11.2012 година се одржа државното првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидност во организација на Националната федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет. На првенството учествуваа најдобро пласираните натпреварувачи од трите региони во РМ. Најдобар резултат постигна Оливера Наковска – Бикова која во дисциплината воздушен пиштол (во категорија жени) исстрела резултат од 379 кругови, само 2 круга помалку од сопствениот светски рекорд со што ја потврди високата тренажна форма и спортскиот перформанс. Останатите постигнати резултати се во рамките на просечното, дури во некои дисциплини и подпросечни. Резултат на тоа е недостаток на тренажен процес (кај поголемиот дел од спортистите) или замор и заситеност од тренинг и натпревари во тековната 2012 година (кај дел од параолимпијците). Како и да е, сребрениот медал на Лидија Крстеска во дисциплината воздушен пиштол во микс конкуренција, како и победата на Бранимир Јовановски во дисциплината воздушна пушка се пријатни изненадувања кои поред високиот резултат на Оливера Наковска Бикова го одбележаа оваа државно првенство. Главен судија на натпреварот беше Валентина Гоџовска од Охрид.

Резултати:

Воздушен пиштол – микс
Име и презиме Град 1 2 3 4 5 6 Збир
Оливера Наковска Бикова Битола 93 92 96 98 93 95 567
Лидија Крстеска Скопје 86 93 85 95 90 89 538
Ванчо Каранфилов Скопје 91 88 93 85 91 89 537
Бранимир Јовановски Куманово 87 91 84 87 86 88 523
Тони Митровски Скопје 85 81 85 83 85 85 504
Златко Биков Битола 73 81 82 88 87 78 489
Воздушна пушка СХ1
Име и презиме Град 1 2 3 4 Збир
Бранимир Јовановски Куманово 85 86 88 84 343
Новча Тодоровски Куманово 85 87 83 87 342
Николче Станојовски Битола 81 84 86 90 341
Васко Стефановски Битола 69 77 84 81 311
Александар Јовановски Скопје 82 75 59 86 302
Тони Митровски Скопје 74 77 71 69 291
Имер Сефери Скопје 77 73 71 66 287
Воздушна пушка СХ2
Име и презиме Град 1 2 3 4 Збир
Дејан Танески Охрид 86 90 86 88 350
Оливера Наковска Бикова Битола 84 84 86 87 341
Никола ќуроски Битола 83 86 86 81 336
Снежана Танеска Охрид 81 74 79 80 314
Ангел Џуковски Скопје 74 81 74 78 307
Димитар Боцевски Скопје 64 79 77 76 296
Воздушна пушка жени
Име и презиме Град 1 2 3 4 Збир
Елизабета Тодоровска Куманово 77 80 86 83 326
Олга Ристовска Скопје 52 61 40 25 178
Наташа Цевенковска Битола 64 70 66 70 270
Воздушна пушка останати
Име и презиме Град 1 2 3 4 Збир
Стеван Ангелески Прилеп 76 76 64 80 296
Љубе Димитриевски Куманово 75 71 76 73 295
Мартин Ангелов Битола 80 63 71 74 288
Дејан Ѓорѓиевски Скопје 59 68 71 65 263

НФСРИМ-МПК обезбеди медали за првопласираните 3 натпреварувачи по дисциплини. Во дисциплините во кои натпреваруваа 3 натпреварувачи се додели само златниот медал, во дисциплините со 4 натпреварувачи златниот и сребрениот, а во дисциплините со 5 и повеќе натпреварувачи беа доделени комплет на медали. Медалите ги додели генералниот секретар на НФСРИМ-МПК, Драган Дојчиноски.