ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НФСРИСМ-ПКСМ
На 25.09.2022 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, се одржа Државното првенство во пинг понг за спортисти со инвалидност.
На натпреварот учествиваа 42 спортисти со инвалидност од кои 26 спортисти со телесен инвалидитет и 16 спортисти со оштетен слух.
Судии на натпреварот беа Драган Дојчиноски, Тони Пајдаков и Бранимир Јовановски, а натпреварот се одржа во исклучително фер и коректна атмосфера.
На најдобрите по одделни категории им беа доделени медали од страна на генералниот секретар на комитетот, Драган Дојчиноски.
Средства за покривање на трошоците за одржување на државното првенство беа обезбедени од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за млади и спорт.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ