НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ, ДАРКО КАЕВСКИ, ВО ПОСЕТА НА ПАРАОЛИМПИЈЦИТЕ

28.07.2018

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денес ги посети спортистите стрелци за време на одржување на последниот контролен натпревар помеѓу нашите стрелци и стрелецот Saeed Obaid од Дубаи.

На контролниот натпревар во квалификациите беа постигнати следните резултати:

1.Ванчо Каранфилов 94. 88. 90. 94. 88. 96 = 550
2. Мирослав Славковиќ 92. 88. 90. 89. 94. 91 = 544
3. Блаже Тофиловски 91. 93. 90. 90. 83. 89 = 536
4. Saeed Obaid 85. 88. 87. 85. 87. 92 = 524
5. Стефан Стојковски 89. 79. 93. 87. 77. 77 = 502

По завршеното финале, резултатите беа следни:

  1. Мирослав Славковиќ 233.8 кругови
    2. Ванчо Каранфилов 233,6 кругови
    3. Блаже Тофиловски 229,4 кругови
    4. Saeed Obaid 220.3 кругови
    5. Стефан Стојковски 203.0 кругови

На колегите од Дубаи им посакуваме среќен пат дома, а нашите спортисти после празникот продолжуваат со подготовки за учество на Светски куп во Франција од 23-30.09.2018 година.