НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Директна квота за учество на Параолимписки игри во Токио 2020

Оливера Наковска Бикова прва спортистка од Македонија со директна квота за учество на Параолимписки игри во Токио 2020

На Светското првенство во стрелаштво што се одржува од 01-12.05.2018 година во Чеонгју, Република Кореја, македонската спортистка – параолимпијката Оливера Наковска Бикова во дисциплината Спорт пиштол 25 метри со резултат од 569 кругови влесе во финалето како четвртопласирана од 32 спотисти кои настапија во борбата за медали, кои воедно значеа и директна квото за учество на параолимписките игри во Токио 2020. По испуканото финале, го зазеде конеч ото 6-то место.
Согласно пропозициите, во оваа дисциплина 4 спортисти освојуваа директни квоти за токио и тоа носителите на медали и најдобро пласираната спортистка. Со оглед на тоа дека Оливера беше единствената спортистка во фналето веднаш беше јасно дека е најдобро пласирана и ја освои квотата со самиот пласман во финалето.
Ова е голем успех за Оливера, на која настапот во Токио ќе и бидат петти параолимписки игри по ред, но и на Макдонскиот параолимписки комитет кој континуирано бележи пласман на свои спортисти со освојување на директни квоти од Барцелона 1992 година, значи последователно на 8 параолимписки игри.

Нашите спортисти на 06.05.2018 година ќе настапат во дисциплината воздушен пиштол, а на 08.05.2018 година го завршуваат настапот на првенството во дисциплината малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри.