Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет, на 01.12.2014 година, по повод одбележувањето на “3 Декември” – Меѓународен ден на лицата со инвалидност, во ДХО “Даре Џамбаз” организираше турнир во шах помеѓу шаховските репрезентации на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Националниот сојуз на слепи на Македонија, Националниот сојуз на глуви на Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија. На турнирот, иако уредно поканета, не настапи екипата на Националниот сојуз на инвалидите на трудот на Македонија.
Секоја екипа броеше по 4 натпреварувачи, и по одиграните 3 кола, првото место го освои екипата на Мобилност Македонија, во состав: Јанчо Ѓорѓевски, Мирослав Бучевски, Даниел Нуневски и Адем Неби, со освоени 9,5 поени. Второто место го освои екипата на Националниот сојуз на слепи на Македонија со 8,5 поени, третото Националниот сојуз на глуви на Македонија со 4 поени и четвртото Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија со 2 поени.
Преодниот пехар на победниката екипа го предаде претседателот на НФСРИМ-МПК, Коце Димов.
Поврзани објави
МАКЕДОНСКИТЕ ШАХИСТИ СО ИНВАЛИДНОСТ НАСТАПИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „СКОПЈЕ ОПЕН 2023“
МЛАДИОТ ШАХИСТ АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА 22nd IPCA World Individual Chess Championship 2023
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ЗА 2023 ГОДИНА ЗА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ