По завршување на Параолимписките игри во Лондон минатата година, македонските стрелци на првиот и единствен меѓнароден натпревар годинава, Светскиот куп во стрелаштво во Анталија од 13-18 мај го крунисаа со освоени 4 минимум норми за учество на Европското пвенство во стрелаштво, што ќе се одржи во Аликанте, Шпанија, во октомври годинава и со три медали.
Од нашите спортисти најголем успех постигна златната параолимпијка Оливера Наковска-Бикова која во квалификациите стрелаше 367 кругови, далеку под својот резултат од Лондон, но сосема доволно за да влезе во финалето како првопласирана. Во финалето имавме две спортистки. Поред Оливера и Лидија Крстеска, со резултат од 355 кругови, се пласира во финалето како петтопласирана во конкуренција на 11 натпреварувачки. Согласно новите правила, осум најдобри натпреварвачи после квалификациите се пласираат во финалето. Во финалето сите стартуваат од нула и сите имаат подеднаква шанса да освојат медал. По распукувањето, Оливера Наковска-Бикова со финален резултат од 183,8 кругови го освои првото место, второто место и припадна на Хачер Актеш од Турција со резултат од 183,3 кругови, додека третото место и припадна на нашата втора натпреварувачка Лидија Крстеска со резултат од 164,7 кругови. Во машка конкуренција, Ванчо Каранфилов со резултат од 544 кругови го освои четиринаесеттото место, додека Бранимир Јовановски со резултат од 539 кругови го освои дваесеттото место од вкупно триесет и двајца натпреварувачи. Она што е важно е дека сите 4 македонски спортисти стрелаа над минимум норма за учество на Европско првенство во Аликанте 2013 година.
Оливера Наковска-Бикова блесна и во втората дисциплина во која се натпреваруваше, а тоа беше дисциплината падачки мети (нешто како во бијатлон). Се стрелаат два пати по 5 истрели со задача да се затворат сите клапни на постољето оддалечено 10 метри од стрелците. Во групата се натпреваруваат по 4 стрелци со тоа што најдобрите 2 од секоја група го продолжуваат натпреварувањето. Во ова дисциплина настапија 4 наши спортисти од вкупно 35 кои се натпреваруваа. Лидија Крстеска ги заврши борбите во првото коло, Браимир Јовановски во второто, Ванчо Каранфилов во третото, додека Оливера Наковска Бикова се пласира во финалето и со 6 погодоци од можни 10 го освои првото место. Второто место во оваа дисциплина го освои Цеват Караѓол од Турција со 5 погодоци, додека третото место му припадна на Елшат Мамадов од Азербејџан со 4 погодоци.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО