По одлука на Владата на РМ, дојде до промена на пристигнувањето на нашите параолимпијци. Тие пристигнуваат утре (08.09.2012 г.) во 11:40 часот на аеродромот „Александар Македонски“. Промената е поради нивно учество на големата свеченост по повод 21 година самостојност на Република Македонија.
По повод големиот успех на Македонскиот параолимписки тим и освојувањето на златен медал и нов светски рекорд на Оливера Наковска Бикова, Националниот Сојуз на инвалидски организации на Македонија и Сојузот на спортски федерации на Македонија, организира свечен пречек на аеродромот „Александар Македонски“.
Ве покануваме да ги пречекаме нашите златни спортисти.
Поврзани објави
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ
РЕЗИМЕ ПОИ ПАРИЗ 2024
УШТЕ ЕДНО ФИНАЛЕ И УШТЕ ЕДНО ОСМО МЕСТО